ДАНИЛОВСКИ, Јордан

ДАНИЛОВСКИ, Јордан (Дебар, 15. Ⅰ 1957) – новинар, поет, критичар, есеист и романсиер. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Културната редакција и бил заменик директор на Македонската телевизија. Член е на ДПМ (1986). Тој е еден од основачите на сп. „Стожер“ и на книжевната манифестација Празник на липите. БИБ.: Голтач на пламен, Скопје, 1982; Движење, простор и време, Скопје, 1984 Јордан Даниловски (поезија); Внатрешен говор, Скопје, 1986 (поезија); Лудото легло, Скопје, 1988 (поема); Множење на тишината, Скопје, 1989 (поезија); Симона и приказните, Скопје, 1991 (поезија за деца); Коба, Скопје, 1992 (поезија); Симона е златниче, Скопје, 1992 (поезија за деца); Вев, Скопје, 1993; Гачки, закачки, Скопје, 1994 (брзозборки); Здрач, Скопје, 1994; Онамона до Симона, Скопје, 1994 (поезија за деца); Книга тма, Скопје, 1996 (поезија); Лудото легло, Скопје, 1998; Мистик, Скопје, 1999; Вдув, Скопје, 2001 (роман); Александар Македонски од аголот идеален збор, Скопје, 2001; Книга нави, Скопје, 2002; Книга ом, Скопје, 2004; Пошепотена, Скопје, 2006 (поезија). С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *