ДАНИЕЛ, Иструмица

ДАНИЕЛ, Иструмица (?, ? – Солун, 1654) – еврејски рабин, веројатно родум од Струмица. Долги години бил на чело на Солунската рабинска академија, која се наоѓала во рамките на Португалската синагога. Напишал повеќе Проповеди и Одговори, а заедно со уште четворица рабини, автор е и на еден колективен труд од областа на еврејското право, издаден во Солун (1655). Неговиот внук постхумно ги објавил неговите Одговори под наслов „Магуен гуиборин” (Солун, 1754). ЛИТ.: Еврейски извори за обÈественоикономическото развитие на балканските земи през ⅩⅤⅠⅠ век, Ⅱ, София, 1960. Др. Ѓ.