ДАМЈАН

ДАМЈАН – наоѓалиште на железна руда, што ги зазема централните делови од рудниот реон Бучим–Дамјан–Боров Дол. Со истражувања се утврдени резерви од околу 6,5 милиони тони руда со 35% Фе. Рудникот во редовна експлоатација бил во периодот 1968– 1992 г. Во градбата на ова наоѓалиште учествуваат: палеогени седименти, терциерни вулканити и скарнови. На контактот помеѓу вулканските пробои и палеогениот флиш е создадена моќна скарновска зона со Фе–минерализација. Фе–оруднувањето е сместено претежно во скаровите, а на места и во чисто варовничките партии на палеогениот флиш. Рудните тела имаат облик на псевдослоеви (издолжени складови и леќи) изградени претежно од компактни магнетитско-хематитски руди. ЛИТ.: Тодор Серафимовски, Металогенетске карактеристике Фе–лежишта Дамјан (магистерска раб.), РГФ, Белград, 1978; истиот, Геолошке карактеристике скарновског Фе–лежишта Дамјан, XI конгрес геолога Југославије, Тара, 1986; Т. Серафимовски анд О. Спасовски, Струцтурал-теџтурал цхарацтерстицс анд парагенетиц релатионсхипс ин тхе Дамјан депосит, еастерн Мацедониа. Геологица Мацедоница, Вол. 13, 1999. Т. Сер. Андреја Дамјанов (портрет од Коле Манев)

Напишете коментар