ДАМЧЕВСКИ КОЦИН, Перо Борисов

ДАМЧЕВСКИ КОЦИН, Перо Борисов (с. Жван, Демирхисарско, 20. Ⅵ 1942) – писател, новинар и општественик. По завршувањето на Средното техничко училиште во Битола, дипломирал на Економскиот факултет (Кибернетика) во Прилеп и во 1978 г. емигрира во Австралија. Ги завршил двегодишните студии на Катедрата за македонски јазик и литература на Маквори универзитетот во Сиднеј. Пишува поезија, проза, драмски текстови, афоризми и статии во медиумите во Австралија и во Македонија. Член е на Друштвото на писателите (2005) и на Друштвото на новинарите на Македонија (2002). Учествува на Струшките вечери на поезијата (1990 и 1994) и на ⅩⅪ светски поетски конгрес во Сиднеј (2001) и застапен е со стихови во повеќе антологии. Сестрано е ангажиран во активностите на македонската емиграција во Австралија: Македонското литературно друштво „Григор Прличев” во Сиднеј, Македонскиот прос-ветно-училиштен одбор за НЈВ, Советот на етничките заедници на НЈВ, секретар на Деновите на македонската култура во Австралија (1986 и 1988), на МПЦО „Св. Петка” и на КУД „Илинден” во Рокдаел. Активист е на Партијата на македонската дијаспора „Помни” (2002). БИБ.: Иднина небиднина (Сиднеј, 1997); Македонија олтар, (Штип, 2006); историски драмски приказ Проклета ноќ (Сиднеј, 1996). Бл. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *