ДАМОВСКИ, Александар

ДАМОВСКИ, Александар (Ташкент, Узбекистан, 27. Ⅰ 1962) – новинар. Завршил Факултет за интердисциплинарни студии по новинарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Бил хонорарен соработник на „Студентски збор”, „Вечер” и на југословенските весници „Полет”, „Младост” и „Став”. Работел во „Млад борец” (1986/89), магазинот „21” (1989/90), „Нова Македонија” (1991/94), бил заменик-уредник на агенцијата „Макпрес” (1994/96). Бил еден од основачите на првиот независен македонски весникДневник”, негов одговорен уредник и директор (1996/2003). Во февруари 2004 г. еден од основачите и директор на весникот „Време”. Б. П. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *