ДАЛАСИН, Дамјан

ДАЛАСИН, Дамјан (XI в.) – византиски благородник и војсководец. Бил назначен за дукс на Скопје (1072), по избувнувањето на востанието на Ѓорѓи Војтех и по прогласувањето на Бодин за цар. Ја предводел византиската војска во решавачката битка со востаниците кај Призрен, но бил поразен и паднал во заробеништво. ЛИТ.: С. Лишев, Към въпроса за неуспеха на въстанието в Македония през 1072, Исторически преглед, 1, 1956. К. Аџ.