ДАГЛАРЏА, Фазил Хисни

ДАГЛАРЏА, Фазил Хисни (Хüснü Фазил Дагларçа) (Истанбул, 26. Ⅷ 1914) – турски поет. Во 1959 г. отворил книжарница и почнал да издава книжевно списание. Првата поетска збирка ја објавил во 1935 под наслов Свет насликан во воздух со која веднаш го свртел вниманието на љубителите на поезијата и книжевната критика. Во секоја поетска книга внесувал новини. Не припаѓал на ниедна школа. Во 1974 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Објавил петнаесетина поетски збирки од кои поважни се: Дете и Бог; Епот за Чакќара; Мајка земја. ЛИТ.: Фахри Каја, Човек кој целиот живот го посвети на поезијата, „Поезија”, СВП, Струга, 1974. П. Гил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *