ДАВЧЕВСКИ, Ристо

ДАВЧЕВСКИ, Ристо (с. Долни Дисан, Неготинско, 6. Ⅲ 1935) – новинар, писател за деца и илустратор. Завршил средно училиште и студирал на Филозофскиот факултет. Бил уредник на Радиотеатарот за деца на Радио-Скопје. Автор е на повеќе книги со песни, басни, раскази, пиеси, радиодрами, повести и романи. Член е на ДПМ (од 1971). Особен успех постигнал со комедијата за деца „Мустаќите на генералот Рококајко“. БИБ.: Дождовни капки, Скопје, 1964 (поезија); Далечна прошетка, Скопје, 1965 (раскази); Непослушно жапче, Скопје, 1970 (проза); Дремко и Спанко, Скопје, 1970 (едночинки); Кралемарковци, Скопје, 1970 (едночинки); Ловечки приказни, Битола, 1971; Бескрајна приказна, Скопје, 1972 (раскази); Мустаќите на генералот Рококајко, Скопје, 1972, 1987 и 1990 (театарска игра во две дејствија, комедија); Пресметката на Итар Пејо, Битола, ѕ. а. (театарска комедија во два чина, работена според народните приказни за Итар Пејо); Сказна за притвореното чудовиште, Скопје, 1973 (повест); Последен ден, Скопје, 1974 (раскази); Граѓаните од Јадиград, Скопје, 1980 (приказни); Походот на сончогледите, Скопје, 1985 (кратки сценски и куклени игри); Важно е другите што ќе речат, Скопје, 1985 (басни во стихови); Собир на враните, Скопје, 1988 (басни); Волшебната сликовница, Скопје, 1989 (сказна); Изедени прогнози, Скопје, 1990 (поезија); Раните на љубовта, Скопје, 1991 (роман); Која е добрата мајка, Скопје, 1992 (роман); Внукот на Итар Пејо, Скопје, 1993 (роман); Старецот со дамкаво лице, Скопје, 1994 (роман); Дворец на опачини, Скопје, 1995, 1999 и 2004 (драмска трилогија); Мачори на панаѓур, Скопје, 1995 (радиодрами); Весела сцена, Скопје, 1995 (едночинки и куклени игри); Сонети за мама, Скопје, 1996 (поезија); Авантурите на дедо Мраз, Скопје, 1997 (сказна); Принцот Кристијан, Скопје, 1998 (роман); Маршот на зелените, Скопје, 2000 (роман); 101 басна, Скопје, 2000; Растумбана дивина, Скопје, 2000; Сказни од Басново, Скопје, 2000; Патот на песната, Скопје, 2002; Синот на лавот, Скопје, 2003; Лисицата Дара, Скопје, 2003; Сладолетка од сказните, Скопје, 2005; Девојчето со рингишпил, Скопје, 2007. ЛИТ.: Муриз Идризовиќ, Македонската литература за деца, Скопје, 1988, 233– 236; Миодраг Друговац, Македонската книжевност за деца и младина, Скопје, 1996, 324-331. С. Мл. Фазил Хисни Дагларџа

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *