ДАВКОВ, Павле (Скопје, 21. Ⅵ 1925 – Вашингтон, 12. Ⅴ 1978) – национален деец и политичар, учесник во НОБ (од 1942) и скоевски раководител. По Ослободувањето работел како висококвалификуван механичар и директор на Претпријатието за ремонт и сервис „Механика“ во Скопје. Во своето политичко и стручно усовршување, дипломирал на Вишата партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград и на Вишата економско-комерцијална школа, а апсолвирал на Економскиот факултет во Скопје. Вршел разни општествено политички должности: секретар на Реонскиот комитет на СКОЈ, член на ЦК на НММ, организационен и политички секретар на Првиот и Четвртиот реонски комитет на КПМ во Скопје, секретар на Општинскиот комитет на СКМ на Општината Кале, организационен и политички секретар на Градскиот комитет на СКМ во Скопје, член на ЦК на СКМ и на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, претседател на Комисијата на ЦК на СКМ за организациони прашања (1963), делегат во Сојузниот собор на Собранието на СФРЈ, член на ЦК на СКЈ, потпретседател (од мај 1965) и претседател на Републичкиот совет на ССМ (18. Ⅹ 1966 – 20. Ⅵ 1974). С. Мл. Данчо Давчев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.