ДАВКОВ, Благој

ДАВКОВ, Благој (Скопје, 21. Ⅰ 1921 – Скопски централен затвор, 21. Ⅰ 1943) – машинобравар, комунистички деец и првобо Дабничкиот масакр (1942) рец. Како вработен во работилницата на Папа Теодоси (1938), се вклучил во УРС-овите синдикати, станал член на КПЈ (од пролетта 1940) и член на МК на КПЈ во Скопје (од септември 1940). Во НОАВМ бил член на диверзантска група (јули 1941), борец на Првиот скопски НОПО (од 22. Ⅷ 1941), а по неговото расформирање се илегализирал (од крајот на 1941 – мај 1942). Во отсуство бил осуден на смрт со бесење (9. Ⅴ 1942). Подоцна станал борец во Велешкиот НОПО „Пере Тошев” (мај – септември 1942), во Велешкиот НОПО „Димитар Влахов” (септември – крајот на октомври 1942), а потоа се префрлил во Вториот скопски НОПО (октомври–декември 1942). Испратен во Скопје да се поврзе со Месната организација на КПЈ, бил уапсен (2. Ⅰ 1943) и порано изречената смртна казна била извршена на неговиот роденден. ЛИТ.: Б. Б., Записи за една биографија, „13 Ноември”, бр. 1, Скопје, 1962, 16; Беа, загинаа, останаа, Скопје, 1969, 49; Боге Кузмановски, Цртички за биографијата на Благој Давков, Скопје, 1981; Крсто Здравковски, Да не се заборави, Споменици и спомен белези од НОВ во Скопје, Скопје, 1982, 35, 74, 150 и 192; Крсто Здравковски, Кога Благој Давков е откриен и затворен?, „Нова Македонија”, ЏЛИИИ, 14411, Скопје, 7. Ⅲ 1987, 2. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *