ДАВИНА КУЛА, Чучер

ДАВИНА КУЛА, Чучер (Орман), Скопско – антички и рановизантиски град, 12 км северно од центарот на Скопје. Издолжен рид што доминира над самиот пат и влезот во Качаничката Клисура и се издига 200–230 м над р. Лепенец. Градот бил компониран од акропол со елипсовидна форма, со заштитен ѕид во цврста малтерна техника (185 х 110 м), и од приближно правоаголен северен град, со централен градски плоштад – форум (150 х 120 м), опфатен со цврст малтерен ѕид. Вкупната градска површина изнесува 4,6 ха. Градот поседувал две еднокорабни ранохристијански цркви, една во акрополот и една во северниот подград. Богатата декоративна орнаментика на камените архитектонски елементи упатува главно на Ⅵ в. Откриени се: железна фибула (т.н. малоазиски тип) од хеленистичко време и монети од Ⅲ– Ⅵ в. н.е. Натписот на една камена плоча ја велича победата на царот Галиен над Сарматите (253 или 258 г.), најверојатно во близина на градот. Се претпоставува дека градот на Давина Кула може да се идентификува со еден од рановизантиските градови Венденис или Неутина. ЛИТ.: И. Микулцик, Спатантике унд фрухбѕзантинисцхе Бефестигунген ин Нордмакедониен, Мüнцхен, 2002, Но 26, 153–158; И. Станчевски, Циркулација на монетите на Давина Ку-ла »учер, „Македонско наследство”, 12, Скопје, 2000, 78–89. В. Л.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *