ДАВИДОВСКИ, Киро

ДАВИДОВСКИ, Киро (Куманово, 24. Ⅻ 1932 – Скопје, 2003) – обоист. Еден од првите музичари во Македонија со факултетска диплома за дувачки инструменти. Дополнително се усовршувал на Академијата „Санта Чечилија” во Рим. Бил прв обоист на Македонската филхармонија и развил богата концертна активност во земјава и во странство. Настапувал во многу земји во светот, меѓу кои и во: САД, Германија, Франција, шпанија, Мексико и др. Имал извонредно голем репертоар во кој влегува огромен дел од литературата за обоа. Дал значајна поддршка и за развој на македонското музичко творештво. Основач е на Катедрата за дувачки инструменти на ФМУ. М. Кол.

Напишете коментар