ГУШТЕРОВ, Ристо Киров

ГУШТЕРОВ, Ристо Киров (Радовиш, 9. Ⅳ 1948) – металург, бизнисмен, политичар и филантроп. По завршувањето на основното и гимназијалното образование во родното место, дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет (Отсек металургија) на Универзитетот во Скопје. Се вработил во 1973 г. во Рудниците и железараница (погон Челичарница) во Скопје, продолжува во бизнисот во Технометал-Македонија (Експорт-импорт) во Скопје (1974 –1979), во Технометал-Вардар – Претставништво во Москва, СССР (1986–1991), во РИМАЦО Гмбх во Виена, Австрија (1991–2006), во РИМАЦО Цорп., во Нејплс, Флорида, САД (од 2002). Почесен док-Ристо Гуштеров тор на Универзитетот „Охајо“ во Атенс, Охајо, САД; Велики приор на меѓународниот орден „Св. Станислава“ за Македонија и конзул на Орденот за балканските држави. Краткотрајно во македонската политиката: заменикпретседател (1992–1996) и претседател на Либералната партија (2000/2001). На филантропски план учествувал во издавањето на делата на Сл. Јаневски (на македонски, англиски и руски јазик), на историски документи од Вл. Поповски, на документите „Македони®. ПутÏ к самосто®телÏности“ во Москва од Ел. Гускова и Бл. Ристовски, на учебникот „Гастроентерологија“ од Вл. Серафимоски и на дела од Г. Тодоровски, Б. Павловски и Б. Орошански, а помогнал за разни спортски дисциплини (во Македонија и во Русија), за отворање просторија за магистранти при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, за медицинска опрема за гастроентерологија на Клиничкиот центар во Скопје, за споменикот на св. Кирил и Методиј (проект со Т. Серафимовски), за споменикот на Папата Јо-ван Павле Ⅱ во Краков во Полска (проект со Кецман); го изградил соборниот храм „Св. Троица“ во Радовиш и црквата „Св. Ѓорѓија“ во Пустец (Р. Албанија); ја основал Фондацијата „Густеров Цутлер Сцхолларс ањард“ при Универзитетот „Охајо“ во Атенс, Охајо (САД) за македонски студенти (Програ-ма за лидерство во сите области) и учествувал во етаблирањето на првата мултинационална компанија во македонската економија „Џонсон Контролс“ (САД) во Скопје. Бл. Р.