ГУШТЕРИ

ГУШТЕРИ (Сауриа; Лацертилиа) – најбогат подред со видови од влечугите (Рептилиа). Заедно со змиите, тие се вклучени во редот на лушпестите влечуги (Сљуамата), бидејќи телото им е покриено со ситни рожнати лушпи. Типични копнени животни, главно дневни, со изразена способност за регенерација на опашката, т.н. онтотомија, со исклучок на змијогуштерите. Во Европа се познати 79 вида гуштери, од кои во Македонија живеат 12 вида: гекон или куќно гуштерче (Цѕртоподион котсцѕи), кратконого гуштерче (Аблепхарус китаибелии), македонски гуштер (Подарцис ерхардии), живороден гуштер (Лацерта вивипара), зелен гуштер (Лацерта виридис), голем зелен гуштер (Лацерта трилинеата), планински гуштер (Лацерта агилис), пол-ски гуштер (Подарцис таурица), ска-лест (ѕиден) гуштер (Подарцис муралис), лушпест гуштер (Алгѕроидес Живороден гуштер, слепок, блавор, планински гуштер, зелен гуштер, кратконого гуштерче нигропунцтатус), слепок (Ангуис фрагилис) и блавор (Опхисаурус аподус). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс оф Бритаин анд Еуропе, Лондон, 2002; Г. Джукиќ – М. Калезиќ, Тхе биодиверситѕ оф ампхибианс анд рептилес ин тхе Балкан Пенинсула, во: Гриффитхс, Крѕстуфек – Реед ед., Балкан Биодиверситѕ, Дордрецхт/Бостон/Лондон, 2004, 167–192; Ј–П. Гасц, А. Цабела, Ј. Црнобрнја-Исаиловиц, Д. Долмен, К. Гроссенбацхер, П. Хаффнер, Ј. Лесцуре, Х. Мартенс, Ј. Мартинез Рица, Х. Маурин, М. Оливеира, Т. Софианидоу, М. Веитх, А. Зуидерњијк, Атлас оф Ампхибианс анд Рептилес ин Еуропе, Парис, 1997. Св. П. – В. Сид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *