ГУШКОВ, Ристо

ГУШКОВ, Ристо (Скопје, 1941) – инж. технолог и долгогодишен директор на Цементарницата „Усје” во Скопје. Дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје (1965). Работел во Цементарницата „Усје” (од 1966), а бил и нејзин генерален директор (од 1988). Бил директор на „Конзерва-експорт” во Скопје (1985-1987). Стопанственик со широки познавања на техничките и организационите аспекти на производството, со што стекнал меѓународна афирмација. Заслужен е за реконструкцијата на погоните, за набавка на модерни производствени линии и опрема за спречување на загадувањето на животната средина, за супституција на енергенсите и слично. Св. Х. Ј. ГУШЛЕВ, Стојан – в. ПоповГушле, Стојан.