ГУШЕВ-МАКИ, Ташо

ГУШЕВ-МАКИ, Ташо (с. Граматиково, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, 1910 – Воден, 1996) – учител, учесник во НОБ во Егејскиот дел на Македонија и во Граѓанската војна во Грција. Во 1941 г. се вклучил во Движењето на отпорот против фашизмот. Од 1947 г. бил политички комесар на штабот на ДАГ за пл. Пајак и Кајмакчалан и политички комесар на ⅩⅤⅠⅠⅠ бригада на ДАГ. Бил член на Главниот одбор на НОФ и член на Претседателството на Организацијата „Илинден”. Приврзаник и доследен спроведувач на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, Ⅵ, 1949, Скопје, 1983. Ст. Кис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *