ГУШАЛКА

ГУШАЛКА -. правоаголно плат-но, изработено од памук или од коноп, кое се носело на градите, под гушата, а се закопчувало одзади, зад вратот. Била со димензии 30 х 15 цм и на неа бил пришиен колирот (јаката), висок од 3-4 цм. Била везена со вез разметница и дополнително се украсувала со л’ски (пулови). Ј. Р.-П.