ГУРБИТА

ГУРБИТА – патна станица од римско време на делницата од Стоби до Скупи, забележана на Табула Појтингеријана (Ⅲ–ИВ в.). Се наоѓала на одалеченост од Ⅷ римски милји (12 км) од Стоби. Се лоцира на локалитетот Градиште, 2 км јужно од селото Згрополци, на карпестата тераса на десниот брег на Вардар. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999. К. Аџ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *