ГУГУЛОВСКИ, Симеон (Солун, Грција, 1. Ⅵ 1941 – Софија, 13. Ⅷ 1995) – оперски певец, тенор, првенец на Операта на МНТ. Дипломирал (1976), а подоцна и магистрирал на Музичката академија во Љубљана (проф. К. Кушеј–Новак и О. Ота). Во периодот 1973–1977 е солист на Љубљанската опера, а од 1978 преминува во Операта на МНТ и останува во неа до крајот на животот. Остварил повеќе од 20 улоги од класичниот, современиот и домашниот оперски репертоар. Позначајни улоги: Дон Хозе (Кармен), Исмаел (Набуко), Манрико (Трубадур), Марио Каварадоси (Тоска), Пинкертон (Мадам Батерфлај), Радамес (Аида), Никола Карев (К. Македонски, Илинден). Настапувал и на концертниот подиум, особено изведувајќи ораториумски дела. Гостувал во повеќе странски земји. Тенор со благородна тонска емисија, со широк дијапазон и со посебен акцент на драмскиот момент во предавањето на психолошките состојби на сценските херои. Ф. М. Гугутки

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.