ГУГУЛОВСКИ, Марко

ГУГУЛОВСКИ, Марко (Галичник, 27. Ⅴ 1938) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1980 до пензионирањето во 2003 г.). Предавал техничка механика, јакост на материјалите и нивна еластичност и пластичност. Се усовршувал на Империјал колеџот во Лондон (1968/69) и во САД (1972). Бил декан на Градежниот факултет (1995–97), претседател на Управниот одбор (1995–97) и генерален директор (1998) на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ. Љ. Т. Симеон Гугуловски