ГРЧКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ПАКТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

ГРЧКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ПАКТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО (Бел-град, 27. Ⅲ 1929) – пакт меѓу Грција и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците за пријателство, помирување и судско порамнување. Договорните страни се обврзале да соработуваат и да си даваат сестрана помош за одржување на версајскиот поредок на Балканот и за почитување и извршување на обврските од мировните договори. Примената на Пактот била предвидена и во случаите кога трета сила била заинтересирана во спорот меѓу договорните страни. Пактот бил склучен со важност од 5 години. Во случај Пактот да не се откажел 6 месеци пред истекот, неговата важност продолжувала за уште 5 години. ЛИТ.: „Службене новине”, 58/ⅩⅩ, Београд, 1930; Македонија во меѓународните договори, И, Скопје, 2006. М. Мин.