ГРЧКО-СРПСКА КОНВЕНЦИЈА

ГРЧКО-СРПСКА КОНВЕНЦИЈА (1914) – за извршување на одредбата од Договорот за сојуз (19. Ⅴ / 1. Ⅵ 1913). Грција и Србија во Атина потпишале посебна Конвенција за отстапување дел од Солунското пристаниште на Србија (10./23. Ⅴ 1914) за користење во период од 50 години. Тој простор од Солунското пристаниште останувал под управа на грчките власти. Грчката влада се обврзала да изгради инсталации и згради потребни за српскиот транзит, да воспостави и да одржува директно телеграфско и телефонско поврзување со Србија. На бродовите за транзит во Солунското пристаниште, кои пренесувале стоки од и за Србија, им биле дадени сите права и привилегии како на бродови на најповластена нација. За преносот на стоките по железницата било предвидено потпишување посебни протоколи; за ветеринарната (за српскиот добиток) и за царинската служба, регулативата била составен дел на Конвенцијата. На Србија $ се обезбедувало да $ бидат дадени сите привилегии и погодности, а се предвидувало тие да им бидат давани и на трети држави што ќе произлезеле од создавањето Слободна зона во Солунското пристаниште.ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори, И, Скопје, 2006. М. Мин.