ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ВО ОДБРАНАТА

ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ВО ОДБРАНАТА (Атина, 9. Ⅶ 1990) – договор со важност од 8 години. Владата на Република Грција ги овластила САД да раководат со воените објекти и од нив да преземаат мисии и активности за одбранбени цели и цели за поддршка. САД се обврзале на Грција да $ обезбедат одбранбена поддршка и помош за модернизирање и за зголемување на борбената способност на грчките вооружени сили. Со Договорот бил регулиран статусот на воените сили на цивилната компонента на САД во Грција. ЛИТ.: Балкански уговорни односи, Ⅲ, 1999. М. Мин.