ГРУПЧЕ, Радмила

ГРУПЧЕ, Радмила (Белград, 1. Ⅷ 1927) – ботаничар, унив. професор. Основно и гимназиско образование завршила во Скопје (1946), а потоа се запишала на Групата по биологија на Универзитетот во Скопје. Дипломирала со одличен успех (1951) и е избрана за асистент на Земјоделскиот факултет. По докторирањето, во 1962 г. е избрана за доцент, во 1967 за вонреден професор, а во 1972 за редовен професор. Држи настава и вежби по ботаника за повеќе насоки на Земјоделскиот факултет. Има објавено над 50 научни труда и е автор на првиот учебник по ботаника за студенти во Македонија. Љ. Гр.