ГРУПЧЕВ, Лука Г

ГРУПЧЕВ, Лука Г. (Охрид, 19. Ⅹ 1874 – Софија, 30. Ⅶ 1947) – учител, учесник во Илинденското востание, струшки војвода. Завршил гимназија во Софија. Учителствувал во Ресен и во Охрид. Бил член на ТМОРО, учествувал на Смилевскиот конгрес (1903). По конгресот бил секретар во четата на војводата Ј. Алулов, а потоа војвода на струшки Дримкол. По Востанието бил секретар на Третата женска гимназија во Софија. ИЗВ. иЛИТ.: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, София, 1984. Ал. Тр.