ГРНАРОВ, Аксенти

ГРНАРОВ, Аксенти (Кратово, 17. Ⅲ 1948) – ред. проф. на ЕТФ во Скопје. Докторирал на ЕТФ во Белград. Работел во Институтот „М. Пупин” во Белград на развојот на хибриден компјутер. Тој е основач и раководител на Институтот за компјутерска техника и информатика на ЕТФ во Скопје. Предавал на Универзитетите во Ниш и во Белград и на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Престојувал во Академијата на науките на СССР и на Калифорнискиот универзитет во Аксенти Грнаров Лос Анџелес во САД. Во 1990 г. го формирал приватното претпријатие „Грнаров компјутер дивижн”. Др. М.