ГРИГОРОВИЧЕВО ЕВАНГЕЛИЕ бр

ГРИГОРОВИЧЕВО ЕВАНГЕЛИЕ бр. 9 – македонски кирилски ракопис од 1301-1307 г. Се чува во РГБ – поранешна Ленинова (ГБЛ), во Москва под бр. 1691. Составено е од 38 л. пергамент и 20 л. бомбицина. Кодексот е заведен под бр. 9 во збирката на В. И. Григорович, кој го донел од своето патување низ европска Турција (1844-1846). Според распоредот на четивата во рамките на целата книга, Григоровичевото ев. е полн апракос од типот на српското Мирославово ев. Нивната предлошка веројатно била глаголичка и е поврзана со св. Климентовата традиција во рамките на Охридскиот книжевен центар. Од Ох-рид, веројатно преку Света Гора, овој тип апракос е пренесен во Русија, каде што со извесни дополнувања и измени доживува голем број преписи, од кои најпознати се М’стиславовото и Јурјевското ев. При возвратното руско влијание, м’стиславовскиот тип полн апракос се проширил и во Северна Македонија. Зачуван е во неколку ракописи, од кои најзначајни се Карпинското и Радомировото ев. Особено е интересно што Охридската книжевна школа не го прифатила рускиот тип полн апракос, зашто Охрид веќе имал свој тип полн апракос. В. Д.