ГРАШЕВ, Милан

ГРАШЕВ, Милан (Прилеп, 1880 – Софија, 26. Ⅴ 1924) – новинар и публицист. Како студент бил уредник на илустрираното сп. „Македония“ (Софија, март 1903 – декември 1904), кое во втората година излегувало под наслов „Македонска зора“. Имал негаторски став кон книгата „За македонцките работи“ на К. П. Мисирков и македонскиот национален сепаратизам. Станал еден од водачите на македонското федеративно движење и еден од основачите на Македонската федеративна организација во Бугарија (1920). Поради неговата брошура „Мафиите и катастрофите“ (Софија, 1922), во која ја разобличува блискоста на Тодор Александров и Александар Протогеров со бугарскиот двор, бил убиен од терористи на ВМРО. БИБ.: Нови кобни пътиÈа и проломи, „Македония“, И, 9, София, 1903, 2. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874-1926). Прилог кон про-учувањето на развитокот на македонската национална мисла, Скопје, 1966, 322, 323-324, 426, 774, 778 и 783; истиот, Димитрија Чуповски (1878-1940) и македонското научно литературно другарство во Петроград. Прилози кон проучувањето на македонско-руските врски и развитокот на македонската национална мис-ла, Скопје, 1978, 256, 269 и 294; Боро Мокров – Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 67. С. Мл. Млад грашок