ГРАНАТИ

ГРАНАТИ – минерали од групата на силикатите, кои имаат доста променлив хемиски состав. Во групата на гранатите се следните минерали: пироп, алмандин, спесартин, уваровит, гросулар и андрадит. Кристализираат тесерално или псевдотесерално и претставуваат изоморфни смешани. минерали. Кристалите обично имаат зонарна градба и се појавуваат во икоситетраедри и ромбдодекаедри. Гранатите немаат цепливост. Имаат различна боја и таа зависи од хемискиот состав. На подрачјето на РМ гранатите се појавуваат во рамките на Пелагонискиот метаморфен комплекс во серијата на микашистите. Бл. Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *