ГРАДИШТЕ, с Пелинце

ГРАДИШТЕ, с Пелинце . населба од ранобронзено, железно и од класично време, поставена на зарамнето плато (170 х 115 м) над реката Пчиња. Откриени се остатоци од одбранбен ѕид граден од земја и од камен, остатоци од култен објект без цврста градба и керамички наоди од овие периоди. ЛИТ.: З. Георгиев, Три предримски населби кај Пчиња, ГЗФФ, 17–18, Скопје, 1990–1991, 91–101; Б. Ѓеорѓиевски, Праисториски градишта од Кумановско, „МАА“, 13, Скопје, 1993, 51–68. Д. З.