ГРАДИШТЕ, Дебреште

ГРАДИШТЕ, Дебреште . комплексен локалитет (населба и некрополи) што се ископувал триесеттина години (Б. Бабиќ). Локалитетот се наоѓа на 1 км ис-точно од селото Дебреште, а 25 км северозападно од Прилеп, близу до патот ПрилепКичево. Констатирани се повеќе стратуми на живот Обетки од локалитетот Градиште, с. Дебреште од праисторијата преку хеленизмот, римското време и доцната антика (со силен кастел потврден со фази од Ⅲ, Ⅳ и Ⅵ в.). Освен тврдината од Ⅵ в., позната е и една базилика. Дебреште, под име со ваков корен, се среќава во изворите уште од XI в. (1020 г.), кога се јавува во рамките на епископијата од Пелагонија. Во 1343 г. Душан овде обнародува една хрисовула. Во турските документи од 1467/1468 г. во Дебреште се спомнуваат 116 куќи. Во северозападниот дел на античката тврдина е откопана еднокорабна црква со гробови, а се спомнуваат и некрополи од XI и Ⅻ–ⅩⅠⅠⅠ в. ЛИТ.: Б. Бабиќ – М. Мандиќ, Градиште, Кастел и средновековна некропола, „АП”, 26, Лјублјана, 1986, 143-144. Ел. М.