ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1986) – културно-национално друштво што развива плодна културна дејност за афирмирање на македонската национална култура. Настапува на мултикултурни манифестации, на Карневалот на нациите, на прослави во Канада и на „Илинденските денови“ во Битола (1988). Сл. Н.-К.