ГОЛЕМ КОРАБ

ГОЛЕМ КОРАБ (2.753 м) – највисок врв на планината Кораб и воедно највисок врв во РМ. Се наоѓа на границата со Република Албанија. Геолошкиот состав го прават филитоидни карпи, а во подножјето се јурски варовници. Врвот е остар, карпест, оголен и од него се протега извонреден панорамски видик. Т. Анд.