ГОЛЕМАТА МАЈКА БОЖИЦА

ГОЛЕМАТА МАЈКА БОЖИЦА -. култен сад-жртвеник, теракота, откриена меѓу урнатините на објектот – светилиште од неолитската населба Тумба кај Маџари, Скопско (1981, В. Санев). Го претставува култот на плодородието, персонифициран во скулптурално обликуваното женско тело. Таа е заштитник на биолошката репродукција, мајчинството и пред с” на домот во кој човекот се раѓа, живее и умира. По начинот на обликувањето таа се вбројува меѓу врвните остварувања на неолитската уметност. ЛИТ.: В. Санев, Светилиштето од Тумба во Маџари, „Мацед. ацта арцхаеол.“, 9, Скопје, 1988. В. С.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *