ГОГОВ, Ставре (с. Вевчани, Струшко, 1884 – с. Вевчани, 10. Ⅳ 1907) – дулгерин, учесник во Илинденското востание, струшки војвода. Бил четник во четата на војводата Т. Горанов (1901). Во Илинденското востание се борел во четата на војводата Л. Групчев. Од летото 1904 г. станал самостоен војвода. Предаден и заобиколен од аскерот, откако му завршила муницијата, се самоубил. ИЗВ. иЛИТ.: НБКМ-БИА, ф. 583, оп. 1, а.е. 67, л. 228; „Македоно-одрински прегледъ“, Софи®, 1907, бр. 36, 564; бр. 40, 628. Ал. Тр.