ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И Република Македонија

ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И Република Македонија -. противречен процес, кој содржи економска, политичка, правна, културна, еколошка и воена димензија. Таа има и светол и темен лик, од една страна ги шири технологијата, информациите и универзалните културни вредности, а од друга го поларизира светот на Север и Југ, т.е. на богати и сиромашни земји, со тенденција богатите да стануваат с” побогати а сиромашните с” посиромашни. Во текот на својата транзиција Република Македонија е ставена во вртлогот на овој амбивалентен процес. Таа, од една страна, иако задоцнето, се вклучува во процесот на информатичкото општество и во трансферот на новите технологии, а од друга страна ги трпи влијанијата од инструментите на глобализацијата: Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Светската трговска организација и други. Преку ова влијание Република Македонија с” повеќе станува зависна од „меѓународната заедница“. Токму во името на оваа „меѓународна заедница“ се водат два типа војни: глобализирачки и оние што се произлезени од глобализацијата. Република Македонија доживеа војна (2001) токму од вториот вид, претежно поттикната од геополитичките интереси на „меѓународната заедница“. Конфликтот заврши со потпишување на Охридскиот рамковен договор (13. Ⅷ 2001) што доведе до промена на одликите на државното уредување: од држава – нација во држава на етнички зедници. Тоа е отстапување од европскиот модел: држава – нација. ЛИТ.: Зигмунд Бауман, Войните в ерата на глобализацията, София, 2001; Петре Георгиевски, Хомо глобатус и његова улога у (дез)интегреционим процесима на Балкану и посебно у Р Македонији, Ниш, 2005. Пет. Г.