ГЛАВАШ, Ефтимија Михаилова

ГЛАВАШ, Ефтимија Михаилова (Струмица, 17. Ⅰ 1933 – Скопје, 20. Ⅲ 1995) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Медицина завршила во Скопје (1959). Во 1960 г. се вработила на Институтот за фармакологија и токсикологија при Мед. ф. во Скопје. Работела на артериската хипертензија и бета-блокадата и објавила повеќе стручно-научни трудови од ова подрачје. Била шеф на Катедрата, продекан и декан на Фарм. ф. во Скопје (1981-1985) и учесник во бројни институтски проекти. Д. С. -Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *