ГИНОВСКИ, Алексо

ГИНОВСКИ, Алексо (1851-1894) – најмладиот од браќата Гиновски, синови на копаничарот Крсте Петров Гиновски. Се населил во Нови Пазар, каде што, заедно со браќата, изработувал икони за црквата „Св. Никола” (1870). Та-му отворил фотографско ателје и е познат како прв професионален фотограф на ова подрачје на Балканот. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски майстори, София, 1965, 232; А. Капиџиќ, Браќа Гиновски Зографи во Црна Гора, Скопје, 1999. В. П.-К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *