ГИМНАСТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ГИМНАСТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА -. спортска дисциплина. Некои елементи на гимнастиката се појавиле во училиштата уште пред Младотурската револуција (1908), потоа во наставниот предмет гимнастика во средните (1908 –1941), односно физичко воспитание и во основните училишта (по 1945). Активностите од спортскаи во овој период продолжува да Бедем – Стѕберра, с. Чепигово: од откривањето на гимназиумот (1957) та гимнастика за граѓани биле негувани во рамките на Соколската организација (1919–1941). Соколскиот систем е напуштен по Ослободувањето (1945), а современите потреби создале нови видови: спортска, ритмичка, акробатска, утринска, корективна, рехабилитациона и помошна гимнастика. Тие се негувани во рамките на Гимнастичката организација и ДТВ „Партизан” на Македонија. Истакнати гимнастичари биле: Миле Ангеловски, Ѓорѓи Маневски, Петар Алексовски, Ѓорѓи Спасов, Јосиф Вукански, Геле Попташев, Насе Кондовски, Пенчо Јаневски, Зоран Ѓорѓевски, Павле Павловски и други, а гимнастичарки: Љубица Алексова, Магдалена Алексовска, Славица Вулетиќ, Виолета шулевска, Антонија Николовска, Славица Тодоровска, Светлана Стојановска и други. ЛИТ.: Ѓорѓи Спасов, Развој на спортската гимнастика во СР Македонија од 1950 до 1975, „Прилози за историјата на физичката култура”, Скопје, 1983, 9–30. Д. С.