ГИЛВИК, Ежен

ГИЛВИК, Ежен (Еугèне Гуиллевиц) (Карнак, 5. Ⅷ 1907 – Париз, 19. Ⅲ 1997) – француски поет. Уште со првата книга (од 1942 г.) го свртува вниманието кон себе како нов глас во современата француска поезија. За време на окупацијата на Франција објавува поезија за отпорот под псевдоним. Неговата поезија е тешка, густа и натопена со голема љубов кон луѓето, растенијата, животните, кон основните материи на животот (оган, светлина, плима и осека). Во 1976 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: 31 сонет, 1954; Карнак, 1961; Сфери, 1963; Водоземни, Град, Евклидиски и др. ЛИТ.: Бл. Иванов, Поезија за вознемирените нешта, „Поезија”, ЗИД НМ, Ск., 1976. П. Гил. Паскал Гилевски