ГЕШОСКА, Нада (Прилеп, 24. Ⅴ 1930 – Скопје, 6. Ⅰ 2003) – драмска и филмска актерка. Кариерата ја започнала во Народниот театар во Прилеп (1951). Член на Драмата на МНТ (1958-1964), потоа на Драмскиот театар во Скопје (1964-1984). Реализирала повеќе значајни улоги во дела од домашни и од странски автори. Улоги: Магда („Пат во злостор”; „Вејка на вет-рот”); Елена Андреевна („Вујко Вања”); Маша („Галеб”); Мајката („Крвави свадби”); Хекуба („Тројанки”); Меланија („Егор Буличов”) и др. Р. Ст. Димитар Гешоски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.