ГЕРОВ, Драган

ГЕРОВ, Драган (Тетово, 7. Ⅹ 1923 – Скопје, 22. Ⅵ 2004) – припадник на првата генерација македонски новинари. Во јули 1944 г. член на АГИТПРОП при Главниот штаб на НОВМ, кој го подготвувал Првото заседание на АСНОМ. Од 1950 г. еден од уредниците на „Спортски глас”, а наредната година преминал во Радио Скопје, каде што останал сè до пензионирањето (1985). Долгогодишен уредник и коментатор во Надворешно-политичката редакција, во еден мандат главен уредник на Информативно-политичката програма на Радио Скопје. Во периодот 1975-1980 дописник на Радио Скопје од Варшава. Б. П. Ѓ.