ГЕРМОВ-шАќИР, Крсте

ГЕРМОВ-шАќИР, Крсте (Прилеп, 1875/6 – Скопје, 1962) – деец на ТМОРО, мариовски војвода и народен јунак. Дејствувал во Мариово, на пл. Ниџе и Кајмакчалан. Заедно со Толе Паша, ликвидирал неколку османлиски зулумџии во Мариовско. Со своја чета зел учество во Илинденското востание (1903). Османлиските власти го осудиле на 101 г. робија. Со своја чета учествувал и во Балканските војни (1912-1913), а потоа емигрирал во Бугарија. По Ослободувањето се вратил во Македонија (1944) и бил избран за народен пратеник. Починал во длабока старост. Се обидел и во поезијата, напишал околу 50 песни на историски теми (за Никола Каранџулов, Јордан Гавазот и др.), кои често ги пеел или ги рецитирал. Неговиот лик е претставен во романот на Стале Попов „шакир војвода”, а е опеан и во повеќе македонски народни песни. ИЗВ.: Крсте Гермов-шакир, Спомени, ракопис во АОИНИ-Скопје. ЛИТ.: Атанас Тасевски, Осудениот на 101 година. Нови сознанија за Крсте Гермовшакирот, „Вечер”, ⅩⅤ, 4392, Скопје, 6. Ⅷ 1977, 7. С. Мл.