ГЕРМАНСКО-БУГАРСКА ОФАНЗИВА

ГЕРМАНСКО-БУГАРСКА ОФАНЗИВА (1944) – офанзива против единиците на ЕЛАС во реонот на планините Пајак и Кајмакчалан (операција „Волф“). Започнала на 17 јануари 1944 г., настрадале селата Карасинанци, Бериславци, Купа, Мај Даг, а 180 лица го загубиле животот. Целта на операцијата била да се уништи антифашистичкото движење во регионот на Пајак и на Кајмакчалан. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, В, Скопје, 2003. Ст. Кис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.