ГЕОРГОВ, Иван

ГЕОРГОВ, Иван (Велес, 17. Ⅰ 1862 – Софија, 13. Ⅷ 1936) – унив. професор, политичар и преведувач. Високото образование го завршил во Виена и бил професор на Софискиот универзитет, раководител на Катедрата по историја на филозофијата (1888-1934). Бил член на ВМК и на Македонскиот научен институт и претседател на Добротворниот сојуз. Преведувал од француски и од германски јазик на бугарски. ДЕЛ.: Буквар, Соф., 1884; Етика, Соф., 1904; Развития на детският говор, Соф., 1911; Делба и пак делба, Соф. 1912; Днешното састояние во Македонија под сърбска и гърцка власт и Општеството на народите, Соф. 1925; История на филозофията, Соф., 1925. В. Тоц.