ГЕОРГИ ГРАМАТИК

ГЕОРГИ ГРАМАТИК . (втората половина на XI – почетокот на Ⅻ в.) – свештеник, граматик и минијатурист. Живеел и творел во манастирот „Св. Врачи Козма и Дамјан“ во Кичевско. Автор е на богато украсениот кирилски ракопис „Битолски триод“, со цели редови од глаголско писмо, поради што се претпоставува дека користел глаголска предлошка. Пишуван е со македонска јазична редакција, а значаен е и од музиколошки аспект. Ракописот е пронајден во Битолско (1898), а потоа однесен во Софија (1907) и се наоѓа во архивот на БАН. Не е зачуван во целина.ЛИТ.: Вера Стојчевска-Антиќ, Прилог кон словенските ракописни триоди од Битола и Битолско, Зборник во чест на Блаже Конески по повод шеесетгодишнината, Скопје, 1984, 437-446; Ѓорѓи Поп-Атанасов, Каде и кога е пишуван Битолскиот триод и кој е неговиот пишувач, „Литературен збор“, кн. 4, Скопје, 1985, 21-28; Ѓорѓи Поп-Атранасов – Илија Велев – Маја Јакимовска-Тошиќ, Творци на македонската литература IX–ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 2004, 41-45. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.