ГЕОРГИОС И

ГЕОРГИОС И (Данска, 1845 – Солун, 1913) – крал на Грција (1863–1913). По потекло Данец, втор син на кралот Кристијан IX. На грчкиот престол дошол со британска поддршка. Се застапувал за остварување на мегали идејата и за територијално проширување на Грција во Македонија, а за тоа ги користел семејните врски со европските кралски дворови. Убиен во Солун. ЛИТ.: Ги Готије, Орлови и лавови. Историја балканских монархија 1817-1974, Београд, 2002. Д. Јов.

2019-01-05T19:46:45+00:00 0 коментари