ГЕОРГИЕВ, Стојан

ГЕОРГИЕВ, Стојан (с. Дабиле, Струмичко, 1870 – с. Коњарево, Струмичко, 13. Ⅹ 1915) – учител, револуционер, раководител во Струмичкиот револуционерен округ. Се школувал во Струмица, Солун и во Софија. Бил главен учител во Струмица, а потоа во Белоградчик. Со Гоце Делчев ги поставиле основите на ТМОРО во Струмица (1895). Учесник во киднапирањето на Назл’м-беј (1897). Бил во судир со Струмичкиот егзархиски митрополит Герасим. Бил осуден на 101 г. затвор (1903) и амнестиран (1904). Како пратеник во Народното собрание на Бугарија (1914–1915), убиен во заседа од врховисти кај с. Коњарево, Струмичко. ЛИТ.: Манол Пандевски, Ѓорѓи Стоев-Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969. В. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.