ГЕОРГИЕВ, Петар Константинов

ГЕОРГИЕВ, Петар Константинов (с. Годлево, Разлошко, 1879 – Годлевска Планина, Разлошко, 16. IX 1903) – учител и револуционер. Завршил егзархиско педагошко училиште во Сер (1899). Учителствувал во Разлог и во разлошките села Елешница и Годлево. Како војвода на чета востаници од с. Годлево, учествувал во Илинденското востание и во борбите кај с. Бачево, Разлошко (14. и 15. Ⅹ 1903). Загинал кај месноста Клинецот на Годлевска Планина.ЛИТ.: В. „Илинденъ“, бр. 43, София, 1925. Ал. Тр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.