ГЕОРГИЕВ-НОВОСЕЛСКИ, Крсто

ГЕОРГИЕВ-НОВОСЕЛСКИ, Крсто (с. Ново Село, Струмичко, ? – с. Моноспитово, Струмичко, 1905) – војвода, член на Месниот комитет на ТМОРО во Ново Се-ло (Струмичко). Од 1901 г. станал нелегален член, а од 1902 г. предводел месна чета. На 4. Ⅱ 1905 г. со четата водел жестока борба во с. Куклиш. Бил ранет кај с. Кори-но (Ⅻ 1905). Се засолнил во с. Моноспитово, каде што бил повторно опколен и, немајќи излез, се самоубил. ЛИТ.: Манол Пандевски, Ѓорѓи Стоев-Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969. В. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.